Водителката и уредник во културно – уметничката програма на МТВ, Ели Танасковска (50) во раните утрински часови ја доби својата прва внука. Нејзината ќерка Симона, која што долги години живее во Канада ја направи убавата водителка горда баба, а со цел да и помогне на ќерката во првиот месец по породувањето, таа уште пред неколку недели заминала во Канада. Нејзината ќерка Леона, која што останала во Скопје ни ја соопшти радосната вест.
„Најважно од се е што сестра ми и бебето се добри, а мајка ми е таму со нив, во овие среќни моменти. Име за внуката сеуште немаат избрано, се двоумат помеѓу две убави женски имиња, сите сме сеуште многу возбудени. Со татко ми ги гледаме на камера постојано, го имаме чувството како да сме и ние таму, но сепак далечината си го прави своето. Едвам чекаме да заминеме и ние во Канада, да бидеме сите заедно на едно место. Емоците кои што не преплавуваат денес не се опишуваат со зборови, сите сме пресреќни“ – ни изјави помалата ќерка на Ели, Леона.
Тансковска е присутна на малите екрани повеќе од две децении. Позната е како една од најубавите и најелегантни водителки кај нас. Збори повеќе јазици, Магистер е по Културни науки, и има неколку специјализации.
Не крие дека далечината со ќерката и паѓа тешко, и често изјавува дека и недостигаат заедничките моменти, прегратките, разговорите… Се труделе близината да ја одржуваат преку интернетот, но вели дека „Скајп“ не може да го замени стисокот со рака.
Вики Клинчарова