Искршен штабот на СДСМ во Драчево

by fokus 12:50
12:50

Стаклата на штабот на СДСМ во Драчево синоќа биле искршени од непознати сторители.

Од СДСМ инфромираа дека не е ништо украдено и дека  станува збор, како што велат, за обид за заплашување на членството на оваа партија.

-Порачуваме дека ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промен ишто носат живот за сите во Македонија. Така избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество каде секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара, велат од СДСМ.

Поврзани новости