Елена Велевска иницијатор на голем фолк концерт за помош на поплавените семејства

by fokus

,,Фолкери од земјава, обединете се и да помогнеме како и многупати до сега,, – апелира фолк пејачката Елена Велевска до своите колеги, повикувајќи ги да организираат концерти со народна музика, а средствата собрани од нив ќе бидат наменети за настраданите во поплавите.

13978392_10210557541599939_2064581046_o

,,Немам зборови да го опишам чувството по ова што се случи, мислам дека на сите македонци деновиве им стои грутка во грлото. Ова може да му се случи секому, нема гаранции дека нема да се повтори. Затоа, ги повикувам сите мои колеги, да се собереме и да направиме еден голем хуман настан. Предлагам да одржиме хуманитарен концерт, а би било доста корисно кога некоја од националните телевизии би го пренесувала во живо, кога би биле отворени телефони за донации на кои што би одговарале ние, фолк пејачите од бекстејџ. Може и да се направи аукција со наши фустани од разни настапи, имам многу идеи за да се соберат повеќе средства, а верувам дека моите колеги од фолк естрадата нема да ме одбијат. Досега сите ние сме пееле на многу хуманирани настани, сме поддржале многу акции за да помогнеме некому. Ова е уште еден тест на нашата хуманост и не смееме само да стоиме на страна, да изразуваме сочувство и да не превземеме ништо,, – вели фолк пејачката, додавајќи дека сите заинтересирани колеги можат слободно да ја контактираат во секое време, а се надева дека и некоја од телевизиите ќе им отстапи простор.

,,Не смееме да се оградиме од оваа трагедија, сите сме виновни за ова што се случи. Природна непогода, лоша инфраструктура, лоша поставеност на нештата кај нас, сето тоа допринесе за овој настан кој што зацрни многу семејства. Да помогнеме сите, кој колку што може и да не дозволиме ова да се заборави по три дена,, – изјави Велевска.

Вики Клинчарова

Поврзани новости