Еден милион денари помош за поплавените од Општина Струмица

by fokus

Советот на Општина Струмица  денеска едногласно одлучи еден милион денари од оштинскиот буџет да бидат доделени на настраданите од поплавите.

 Покрај тоа, општината ќе испрати луѓе и механизација на загрозените подрачја  кои ќе учествуваат во чистењето на улиците и запушените канализациони и водоводни цевки.

Во моментов, Градоначалникот Зоран Заев е со настраданите во поплавените подрачја заедно со испратената помош од Општината.

Тој прво ќе ја посети населбата Методија Андонов Ченто во Скопје, а потоа и жителите од Стајковци.

Поврзани новости