Елена Велевска: Драги политичари, учете од мене!

by fokus
Фолк пејачката Елена Велевска го менува правецот на својата кариера и наскоро ќе се претстави во ново издание. Наместо музика во фолк стил, на кој таа му беше  верна две децении, наскоро ќе ги промовоира своите нови песни во поп стил. Вели дека секогаш е отворена за нешто ново, и одамна сфатила дека публиката бргу се заситува и постојано се потребни промени и изненадувања, за да се опстане на сцената.
 
,,Како во политиката, така и во музиката, мора да се оди напред и да се воведуваат новитети, да се нудат секогаш нови идеи и да се следи пулсот на обожавателите. Да му се понуди на народот нешто поразлично, да се биде чекор напред. Кога ние од естрадата сме свесни за тоа дека народот не може да се манипулира и да се залажува, секако дека треба и политичарите да го знаат тоа, и да понудат конкретни решенија, а не само да даваат ветувања. Да се покаже на дело, да се освојува со факти, а не со замајување на луѓето. Да се следат светските трендови, а не да се тапка во место!, вели Велевска.

thumbnail_elena-v97
Токму од сите причини што ги кажа претходно пејачката вели дека  решила да направи нешто ново во кариерата, еден вид на освежување. Моментално се снимаат три песни во поп стил, во соработка со веќе докажаните автори Огнен Неделковски, Љупче Василев и Роберт Билбилов.
„Добро знам како функционираат нешатата кај нас, колку и да си добар и успешен, луѓето едноствно се заситуваат, бараат повеќе…Тоа и треба да биде така, не само во музиката, туку и во политиката, треба секогаш да се стремиме кон повеќе, кон подобро. Нема да ги именувам политичарите кои што се актуелни на сцената со години наназад, сите ги знаеме, само ќе им кажам да не бидат суетни и да учат од мене. Работа, посветеност и дела – тоа е дефиницијата за успех, било во музика, било во политика“.
thumbnail_elena-v900
 „Ако јас се опуштам и продолжам да ја пејам постојано една иста песна, нормално дека ќе им здосадам на сите, затоа постојано се надградувам, без срам и суетност барам помош од стручни советници, се консултирам со нив, околу тоа во кој правец да ја насочувам кариерата, и тоа досега се покажало како добитна комбинација. Затоа политичари, не бидете суетни и не се плашете да побарате помош, да прифатите нови идеи, но и да се потрудите максимално да го остварите тоа што сте го ветиле, оти народот памети и заслужува достоинствен живот’’ – порачува Велевска која наскоро ќе ги промовира новите песни. Таа додава дека промените на нашата политичка сцена се повеќе од неопходни.
 
,,Замислете да јадете убава, превкусна торта. И да ја јадете секој ден… Колку и да е таа вкусна, ќе ви смачи. А вистината, барем кај нас, е тоа дека баш и не ни се сервира убава торта на трпезата секој ден. Ете затоа се потребни промените и стремењето кон подобрување, на секое поле во нашето општество’’ – вели Елена.
Откако се појави на естрадата пред дваесет години, таа постојано е во центарот на вниманието и се труди континуирано да опстане на врвот. Постојано снима нови песни, спотови, фотосесии… Важи за наша најбарана фолк пејачка во дијаспората и годишно има по неколку турнеи кај нашинците во странство.
 
Беше помеѓу првите пејачки која јавно го искажа своето незадоволство од одлуката за помилување на политичарите осомничени за криминал од страна на претседателот Ѓорге Иванов, и им даде поддржка на шарените револуционери. Тогаш за ,,Фокус’’ изјави дека не сака децата да и растат во земја каде што не важат законите подеднакво за сите, и дека размислува да се пресели со семејството во Австралија.
 
Вики Клинчарова

Поврзани новости