Филип Петровски: Близнаците во политиката се проект на Влатко Ѓорчев ВИДЕО

by fokus 14:39
14:39

Филип Петровски, актуелен директор на Државниот архив на Македонија уште пред повеќе од  пет години во телевизиско интервју откри дека Влатко Ѓорчев е авторот на проектот – „двојници  во политиката“ кој по нарачка редовно се активира во предизборието, а има за цел да го збуни гласачкото тело. Радмила Шекерова од времето за кое зборува Петровски, стана Радмила Шукуроска од Прилеп, а друштво на листата на Социјалдемократската партија и тоа како носител и прави Стево Продановски.

Партијата на Јаневски и на овие избори ја користи старата финта -пријавува кандидати со исти имиња како носителите на листите на СДСМ. Проектот „двојници во политиката“ Јаневски го активира и за време на изборите во 2006, 2008 и 2014. Тогаш на Јани Макрадури противкандидат му беше Јанис Макрис, на Радмила Шекеринска Рада Шекерова, на Марјанчо Николов – Марјанчо Наков, на Зоран Заев-Зоран Зашев, на Јован Манасиевски – Јован Манчевски, на Илинка Митрева – Илинка Митовска и на Игор Ивановски – Игор Ивановски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости