Елена Петреска за битката со ковидот: Откако ќе се инфицираме ја гледаме важноста на зборовите на Филипче!

by fokus

-Морам да кажам дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива, вели поп пејачката Елена Петреска, која по 14 дена поминати на инфективно одделение, го победи корона вирусот.

Со емотивна објава на социјалните мрежи, таа се заблагодарува што повторно може да си ги прегрне најмилите, појаснувајќи дека по две недели на клиника повторно е дома, и се чувствува како повторно да се родила.

-Најискрено од срце се заблагодарувам на целиот медицински персонал од Инфективна клиника, тие се моите херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго, барем тоа им го должам. Да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња.
Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа панедмија, која во целост ќе ја пренесам деновиве преку видео, во кое ќе раскажам за ова мое искуство, во надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно – напиша четириесет годишната пејачка, по потекло од Прилеп, која со сопругот и децата живее во Скопје.

На естрадата се појави кон крајот на деведесеттите години и учествуваше на многу фестивали на забавна музика. Кон крајот на февруари минатата година откри дека се повлекува од естрадата и ќе се посвети на класичната музика. Работи во МОБ и е заштитно лице на повеќе модни брендови.

Вики Клинчарова

Поврзани новости