Вонредна состојба во јужна Србија поради поплавите

by Fokus

Поради обилните количества дожд и снег во општините во јужна Србија, во општините Ниш, Лесковац, Дољевац, Бојник, Власотинце, Владичин Хан и Гадџин Хан прогласена е вонредна состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Кризните штабови во Ниш, Пирот, Димитровград и Врање донесоа итни мерки за санација и превенција, кои се преземаат во координација со Секторот за вонредни состојби и локалните самоуправи, а околу 10.680 домаќинства останаа без струја.

Припадниците на Секторот за вонредни ситуации евакуираа 34 лица од објектите кои беа поплавени на југот на Србија – 22 лица од Дољевац, двајца од Лесковац, шест од Бојник и четири лица од Бујановац, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Влада Племиќ од Секторот за вонредни ситуации изјави за РТС дека состојбата со поплавите на југот на Србија денеска е нормализирана.

-Дождот престана да паѓа, што е најважно. Реките полека се повлекуваат во нивните водотеци. Имавме најголем проблем со поројните текови и потоци што дури и не постоеја на картите и тие станаа активни поради обилните врнежи од дожд и ги исполнија сите вдлабнатини и места кои веќе долго време постојат како опасност, објасни Племиќ.

Поврзани новости