Двајца починати и четири нови случаи на корона вирус во Тиквешко

by Fokus

Две лица од Тиквешијата ја изгубија битката со Ковид-19, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци. Станува збор за маж од Кавадарци на возраст од 62 години и маж од Неготино на возраст од 78 години. И двајцата починале на скопските клиники.

Денес се пристигнати позитивни резултати за три лица од Кавадарци и едно од Неготино, на возраст од 29 до 51 година. Во ковид одделот во кавадаречката болница, моментално се хоспитализирани 20 позитивни пациенти и има 40 слободни кревети.

Од почетокот на пандемијата во Тиквешко се инфицираа 3.376 лица, а активни се 726 случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости