353
Ангажираните со договор за привремено вработување, Бесијана Џафери и Димитар Грчев, имаат завршено високо образование со просек 10 и 9.7, со што ги исполнуваат потребните услови за конкретното работно место, а еден од ангажираните е и со повисок степен на образование од тој што се бара, сооопшти ЕЛЕМ.
Компанијата реагира на континуираните објави во дел од порталите во кои се навредуваат вработени во компанијата, во случајот ќерката на Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев, како и самата АД ЕЛЕМ, со содржини и наводи кои, според нив, се целосно невистинити, како што е и во овој случај.