Екстремно студен ден во Македонија, температури и до -10 степени

by Fokus 11:05
11:05

Врмето утрово е облачно и студено во поголемиот дел од земјава со врнежи од снег, a температурите се движат и до -10 степени.

Најстудено утрово е во Лазарополе, Крушево и Маврово со – 10 степени, а најмногу снег 74 сантиметри има во Маврово.

- Advertisements -

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен слаб снег, особено претпладне. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Дневната температура до –7 степени.

Врнежи од снег во југоисточниот дел од земјата нема. Дува умерен повремено засилен северен ветер, особено на повисоките места, штипскиот и скопскиот регион.

Минималните температури се движеа од -9 Ѓуриште, -8 Тополчани, -7 Пожаране, -6 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Кр. Паланка, -5 Претор, Прилеп, Берово, Скопје Петровец, Тетово и Штип, -4 Битола, Виница, Охрид, -3 Демир Капија, -2 Струмица, -1 Дојран, 0 Гевгелија.

Снежната покривка се движи од 6 сантиметри во Дојран, 8 Претор, 10 Виница, 11 Д. Капија, 12 Струмица, 14 Прилеп, 17 Штип, 18 Скопје Петровец, Куманово, 20 Охрид, 21 Битола, 23 Крушево, Берово, 25 Тополчани, 26 Кр. Паланка, 27 Ѓуриште, 40 Тетово, 52 Лазарополе, 65 Пожаране до 74 во Маврово.

 

 

Поврзани новости