Граѓани со часови заглавени на патиштата, АМСМ ги советува да се засолнат кај Пуста кула

by fokus

Возачите полека да се движат барем до зимскиот пункт во велешкиот дел кај Пуста кула и да не го продолжуваат патувањето кон Скопје туку да останат таму, во пунктот, бидејќи состојбата е иста долж целата автопатска делница од Велес до Скопје, велат од Службата за информирање на АМСМ за реакциите дека стотина возила со часови се заглавени на патот Велес-Скопје, пишува порталот Дума.

Заглавените граѓани се жалат дека патот не е прооден.

– Изложени сме на вистинска меќава и бараме помош. Не можеме да добиеме информации од „Македонија пат“ како да се извлечеме од ситуацијата, реагираат тие.

Поврзани новости