Заглавени возила, затворени повеќе патишта, забрана за камиони низ пола Македонија

by Fokus 11:13
11:13

Обилните снежни наноси предизвикаа хаос по сообраќајните делници низ земјава, а забрани од утрово од 04:45 часот има на автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула каде има заглавено повеќе возила.

Сообраќајот е во прекин и на регионалниот пат Тетово – Јажинце кај село Јажинце поради обилни врнежи од снег. Од утрово од 6 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси. Затворен за сите видови патнички товарни возила е патниот правец од Штипска петља до Катланово

- Advertisements -

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово – Велес и обратно. Забрана за сообраќај на тешки моторни возила е воведена и на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, кој синоќа беше во прекин, е нормализиран само за патнички возила по една коловозна лента.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Исто така, се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

 

Поврзани новости