740
За време на празниците во Неготино било приведено 27 годишно лице со екстази и марихуана, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Неготинецот бил лишен од слобода на 7 април поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РМ.
– При вршење на претрес на лицето пронајдени и одземени се 75 непознати таблети со триаголна форма во розова боја со лого „Мицубиши“ во парче од најлон кеса и најлон кеса со непозната растителна материја со зелена боја, појасни Додевски.
Лицето било задржано во ПС ОН Неготино се додека не заврши документирање и расветлување на случајот.