Иновативните решенија на Некстсенс за дигитална трансформација отсега достапни во Централна и Југоисточна Европа

by Fokus

Реномираната ИТ компанија Некстсенс потпиша партнерски договор со Веракомп, една од најголемите дистрибутерски компании на ИТ решенија Централна и Источна Европа, за дистрибуција на иновативните решенија на Нектсенс за дигитално потпишување.

ИТ компанијата Некстсенс, со своите уникатни, иновативни и безбедни решенија за дигитално потпишување и размена на документи, целосно усогласени со стандарните и регулативите на Европската унија, предизвика интерес кај компаниите и институциите во регионот и во Европа. Како резултат на големиот интерес Некстсенс потпиша договор со една од најголемите дистрибутерски компании на ИТ решенија во регионот на Централна и Источна Европа – Веракомп за дистрибуција на своите решенија Digital Signing Suite.

Секое од решенијата на Нектсенс преку употреба на дигитални потписи, електронски печат и врeменски печат ја овозможува и олеснува дигиталната трансформација и ја подобрува ефикасноста на деловните процеси во рамките на компаниите, како и помеѓу компаниите и нивните клиенти или соработници, a во согласност со европската регулатива за електронска идентификација, автентикација и комуникација – eIDAS.

Портфолиото на Некстсенс кое Веракомп ќе го нуди на своите партнери се состои од следниве решенија:

  • Nextsense Web Browser Signing Extension
  • Nextsense Signing Server
  • Nextsense Remote Signing
  • Nextsense Time Stamp Authority solution
  • Nextsense Signing Portal
  • Nextsense Single Sign-On
  • Nextsense eDelivery

Зад овие решенија на Некстсенс стои долгогодишно искуство, континуиран развој и нивна практична примена во различни бизнис сектори, како што се телекомуникациите, банкарството и државниот сектор.

Вредноста на партнерството со Веракомп произлегува од нивната посветеност за дистрибуција на иновативни софтверски решенија и нивната догогодишна соработка со мрежа од партнери низ целиот регион. Локалното присуство на Веракомп и нивните партнери ќе ни овозможи забрзан пристап до нови пазари и клиенти во регионот и  поквалиетна услуга кон нашите купувачи.“- изјави Васко Кроневски, главен извршен директор на Некстсенс

Александар Станчин, член на управата на компанијата Веракомп по повод склучувањето на договорот за партнерство со Нектсенсе изјави:

„Зошто токму компанијата Нектсенс, со оглед на тоа што на пазарот се нудат бројни решенија за дигитален потпис? Доколку користите повеќе од едно интернет банкарство и апликација за потпишување трансакции, јасно ви е дека постојните решенија не ги исполнуваат очекувањата на денешното работење. Колку време и подверзии на Javа ви се потребни за да проработи потпишувањето? Од друга страна, потребите за дигитален потпис  и временска ознака (timestamping) на документите никогаш не биле поголеми. Во тој контекст, нашата улога како дистрибутер со додадена вредност значи дека сакаме на пазарот да му понудиме решенија за наведените проблеми преку иновативни и модерни технологии, како што се оние кои компанијата Нектсенс ги носи на пазарот“.

Извор; https://veracompadria.com/hr/partnerstvo-s-tvrtkom-nextsense/

Повеќе информации за овие решенија може да се најдат на следниот линк: https://www.nextsense.com/signing-suite.nspx

Повеќе информации за компанијата Веракомп може да се најдат на следниот линк: https://veracompadria.com/hr/

Поврзани новости