Џафери: Телoхрaнителот на Спасовски имаше право да носи пиштол

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето сведочење за настаните од „крвавиот четврток“, денеска пред судот истакна дека телохранителот на Оливер Спасовски имал право според Закон, да влезе со оружје во Собранието.

-Обезбедувачот на Спасовски имаше право да биде со пиштол, а откако со него пукаше во плафонот, ситуација се стабилизира, односно напаѓачите се совестија и повлекоа три метри наназад – рече Џафери, одговарајќи на прашање на адвокатот, Донче Наков.

За оваа случка од настаните на 27-ми април нашироко пишуваа медиумите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, според кои законите не дозволуваат внесување оружје во парламентот и кои го осудуваат потекот на обезбедувањето на Спасовски со тоа што извадил пиштол за да ги заштити нападнатите пратенци.

В.В.

Поврзани новости