Експлозија во Романија, едно лице загина

by Fokus

Едно лице загина, а шестмина се повредени при експлозијата во рафинеријата Петромидија, во градот Новодари, југоисточна Романија.

Осум противпожарни возила, две амбулантнии возила и мобилен тим за интензивна нега се испратени во рафинеријата Петромидија.

Компанијата КМГИ, која е сопственик на рафинеријата, соопшти дека пожарот започнал од фабрика за дизел.

Министерот за животна средина Танжос Барна изјави дека сè уште постои опасност од експлозии во Петромидија и дека инцидентот ќе има големо влијание врз животната средина. Тој додаде дека пристапот до областа е ограничен.

Поврзани новости