Заев на прес со Рикер: Нема да отстапиме од заедничко решение со Бугарија

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска имаше заедничка прес-конференција со помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.

Како што истакна Заев, поддршката од САД е тука и европеизацијата на Балканот е нешто што мора да се случи што поскоро.

„Нема да отстапиме од заедничко решение со Бугарија. Посветени сме да работиме со добра волја и ја имаме поддршката од САД. Сега повеќе од кога било едногласни сме дека европеизацијата на Балканот е неминовна. Со САД сме фокусирани за заедничките заложби за демократски просперитет, а Северна Македонија и САД ја потврдуваат заедничката определба за поголемо сојузништво“, истакна Заев.

Поврзани новости