Експлозија во фабрика за плински боци во Богданци

by Фокус

Експлозија во фабрика за полнење на плински боци  утринава ги потресе жителите на Богданци. Според последните информации едно лице е повредено, а во моментот на експлозијата на работа биле 11 работници.

Од експлозијата настанал голем пожар, додека темен чад почнал да се издигнува над Богданци. Набрзо пожарот бил локализиран, но екипите се уште се на терен. Повредениот, пак, со возило на Брза помош бил однесен во болница.

Децата од околното основно училиште биле пуштени дома, бидејќи веднаш по екслозијата снемало електична енергија.

Фабриката за плински боци е сместена на влезот во градот Богданци.

Поврзани новости