845
Експлозија во фабрика за полнење на плински боци утринава ги потресе жителите на Богданци. Според последните информации едно лице е повредено, а во моментот на експлозијата на работа биле 11 работници.
Од експлозијата настанал голем пожар, додека темен чад почнал да се издигнува над Богданци. Набрзо пожарот бил локализиран, но екипите се уште се на терен. Повредениот, пак, со возило на Брза помош бил однесен во болница.
Децата од околното основно училиште биле пуштени дома, бидејќи веднаш по екслозијата снемало електична енергија.
Фабриката за плински боци е сместена на влезот во градот Богданци.