Експлозија и пожар се случиле поради истекување на гас на подземен гасовод во Чувашија, Русија, а тој во моментов е затворен, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува дека при експлозијата загинале три лица, а едно е повредено.
Според првичните податоци, пожарот настанал поради истекување на гас во подземниот гасовод.
Станува збор за магистрален гасовод во централниот дел на Русија, преку кој гасот оди од Арктикот преку Украина до Европа,
Локалната единица на рускиот енергетски гигант „Гаспром“ соопшти дека гасот се доставува до клиентите целосно преку паралелни цевки по оштетувањето на делот од гасоводот Уренгој-Помари-Ужхород.
Експлозијата се случила при планираните ремонтни работи на дел од гасоводот, соопштија руските служби.
Поправката на оштетениот дел од гасоводот би можела да трае три дена.