Експлозија го погоди автобусот на Борусија Дортмунд, мечот со Монако одложен

by fokus

Мечот помеѓу Борусија Дормунд и Монако во Лигата на шампионите што требаше да се одигра вечерва во Германија е одложен, откако експлозија го погоди автобусот на домашната екипа.

Експлозијата се случила околу 19 часот на десет километри од стадионот на Борусија Дортмунд.

Полицијата потврди дека имало три одделни експлозии од кои се скршило стаклото на автобусот, при што е повреден еден играч, шпанскиот интернационалец Марк Барта, кој е пренесен во болница.

 

Поврзани новости