СДСМ: Многу брзо ќе избереме собраниски претседател и влада

by fokus

СДСМ најавува дека мнозинството во Парламентот ќе влезе поодлучно во реализација на изборот на нов претседател на Собранието и нова реформска влада и, како што велат, во обврската да обезбедат добро за сите, во економијата, општеството, во унитарна Македонија.

– Ќе има промени и нова реформска влада. Тоа многу брзо ќе се случи согласно Деловникот, Уставот и законите во Република Македонија, која е парламентарна демократија. Постои парламемтарно мнозинство од 67 пратеници и тие имаат право и должност да ги изберат новиот собраниски претседател и новата влада, се вели во соопштението на СДСМ.

Парламентарното мнозинство, се додава во соопштението од СДСМ, е избрано од 700.000 граѓани на кредибилни избори.

– Тоа е претставник на народот, а не Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се веќе опозиција. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се должни да обезбедат здрав разум и продолжување на демократските процеси, наместо да го бранат насилството на Груевски кое му треба за заштина на криминалите и од одговорност. Нема договор со криминалци и нема амнестија, како што сака да ги постави работите Груевски, се потенцира во соопштението и се посочува дека тој не е фактор, туку мнозинството граѓани.

Поврзани новости