Експлозии во предградие на Киев

by Fokus

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад.

Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи.

– Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. А оние жители на Киев кои досега заминаа и сакаат да се вратат во главниот град, ве замолувам да се воздржите од тоа и да останете на побезбедни места, нагласи Кличко.

Дарњицкиј се наоѓа во југоисточниот дел на главниот град на Украина, на левиот брег на реката Дњепар.

Поврзани новости