Експлозии во Киев, руски сили напаѓаат со беспилотни летала, Зеленски вели: Руската моќ ќе падне!

by Fokus

Денеска во раните утрински часови Русија започна нов бран воздушни напади врз Киев користејќи беспилотни летала и крстаречки ракети.

Воената команда во главниот град на Украина соопшти дека украинските единици за противвоздушна одбрана собориле повеќе од 40 проектили истрелани од силите на рускиот претседател Владимир Путин.

Во 15-тиот руски воздушен напад овој месец и вториот последователен напад во последните два дена, според украинските власти немало поголеми штети или жртви во Киев, но во својата објава на каналот Телеграм, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко напиша дека минатото ноќта беше тешка, пренесува Ројтерс.

краинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската влада ќе падне по поразот на Кремљ во војната против Украина.

„Киев и сите наши градови, цела Украина, ќе стават крај на историјата на деспотизмот на Москва, кој држеше многу луѓе во заробеништво многу долго време“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Во оваа прилика тој не и се обрати на јавноста од својот кабинет како и обично, туку на улицата пред претседателската канцеларија во Киев.

„Украинската воздушна одбрана успеа речиси целосно да одбие еден од најголемите напади со руски беспилотни летала од почетокот на војната“ рече Зеленски, додавајќи дека Москва се обидела да му го расипе денот на Киев.

„Киев преживеа злосторства низ својата историја и ќе ги преживее руските напади и нема да дозволи Русите да го освојат“ додаде Зеленски.

Поврзани новости