Експлозии одекнуваат на Крим, Украинците напаѓаат со дронови

by Fokus

Руската противвоздушна одбрана и флота во Црното Море беа ангажирани во одбивањето напад на украински беспилотни летала над кримското пристаниште Севастопол рано во неделата, изјави официјален претставник назначен од Москва. Се слушаат експлозии.

Нападите се снимени над пристаништето Севастопол и градските области Балаклава и Херсон, изјави Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол назначен од Москва, на апликацијата за пораки Телеграм.

Засега нема детали за размерите на нападот или каква било штета од нападот на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

На Телеграм се појави информација дека рускиот генерал-мајор Владимир Селиверстов е разрешен од функцијата командант на 106-та воздухопловна дивизија, пишува Sky News. Како водач на групата, Селиверстов учествуваше во битките околу Бахмут од почетокот на оваа година.

Ова ќе биде втора голема промена за многу краток период откако претходно беше сменет генералот Иван Попов.

Според воените аналитичари, смената на генералите е показател за поделбите во руските сили по неуспешниот бунт на Евгениј Пригожин и групата на Вагнер.

Поврзани новости