Експлодираше „мерцедесот“ во кој се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика

by fokus

Експлодираше и целосно изгоре возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков. Оваа информација со фотографии од целосно изгореното возило ја објави на својот Фејсбук прогил Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Мансков се возел во автомобилот со сопатник на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

-Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но НЕ успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, соопштија од Комората.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи и Противпожарната служба.

Поврзани новости