403
Плинска боца експлодирала околу 15 часот во семејна куќа во селото Драчево. Засега нема официјални информации, но неофицијално, две куќи се во пламен, а противпожарните екипи се борат огнот да не ги зафати и околните куќи. Петнаесетина лица се повредни, од кои осум се пренесени во Градската болница.
На местото на настанот има десетина противпожарни возила кои се обидуваат да го стават огнот во контрола, а жителите на околните куќи се евакуирани.