Ексклузивно: Антикорупциска бара обвинителството кривично да го гони Заев за дури три случаи!

by Фокус 15:50
15:50

Државната комисија за спречување на корупција, како што дознава „Фокус“, пред неколку дена, испратила допис до Јавното обвинителство со кој бара кривично да го гонат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради сомнеж за корупција и тоа за три различни случаи.

Според официјалните документи до кои дојде „Фокус“, Антикорупциска се повикува на информации кои биле објавени во некои медиуми, па бараат од обвинителството да се вклучи во проверка.

- Advertisements -

-Во информациите објавени во јавноста содржани се наводи за три одделни случаи на коруптивни дејствија и тоа стекнување недвижен имот во странство и негово непријавување, барање поткуп од лице кое се јавува како странка во постапка за регулирање на правен статус на недвижен имот во Струмица и барање поткуп од лице сопственик на правното лице „Иднина“, се наведува во дописот.

Поточно, првиот случај на кој се повикуваат антикорупционерите е шпекулацијата која ја објавија неколку провладини медиуми, односно дека Заев, заедно со нему блиски лица кон крајот на 2013 година наводно купиле трикатна куќа во Грција. За случајот со поткуп, од комисијата наведуваат дека станува збор за сомнеж дека Заев од струмичанец побарал поткуп од 200.000 евра, за кој веќе и е подигнат обвинителен акт, а третиот случај исто така го опишуваат како обид за поткуп од 39.000 евра за издавање на оддобрение за градба.

Она што е нејасно е зошто Антикорупциска дури сега бара од обвинителството да го гони Заев за наводно барање на поткуп, кога веќе е подигнато обвинение за случајот. Исто така, покрај нивната неажурност и задоцнување, изненадува и фактот што се повикуваат на информации кои до нив стигнале по допрен глас, односно биле објавени во медиумите, а исто не постапуваат за други сомнежи или афери кои ги откриваат медиумите, а се поврзани со актуелни функционери од власта.

image-a52a2940d2977f80b61de5637bbc47c8de45a677af412e4573d9cf8e8888bc7f-V-1

image-18b0a0679c11cf2d0aea4b64f8cc680873516119513f80ebf82320400b4ada87-V-1

image-25ed05cfa6b6331bb2f2ca1ba0ef3344b4231aba72a94a9631fe0d287c593063-V

Поврзани новости