Хрватска ја поддржува евроатланската интеграција на Македонија

by Фокус

Хрватска во целост ја поддржува Македонија во евроатлантскиот пат, истакна хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на денешната прес-конференција по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Загреб.

– Свесни сме за проблемот со Грција, тоа е билатерален проблем, но наш став е дека поради него Македонија не може бескрајно да се задржува на тој пат. Треба да се валоризира се што прави Македонија – рече хрватската претседателка

Поврзани новости