Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, побара од обвинителството под итно да почне истрага во врска со морбидните фотографи кои кружат деновиве за „односот кон почнатите од Ковид-19“.
– Обвинителството не треба да спие,туку под итно да почне истрага, рече Шеху одговарајќи на прашањето кој прави политика со умрените од Ковид-19,по дебатата меѓу власта и опозицијата.
На фотографиите се гледа како трупови на лица починати од Ковид-19 завиткани во пластични вреќи и бели чаршафи се оставени на подот во мртовечницата а не во посебни простории со ладилници.
Фотографиите кои се направени од Сири.нет, ги објавија сите медиуми.
И за ова, власта ја обвини опозицијата, велејќи дека се монтирани, откако и претходно ги отфрли како неточни и тврдењата на лидерот на Демократската партија(ДП) Љуљзим Баша, дека во периодот март-октомври имало 923 починати а не 509 лица колку што тврди министерството за здравство.