Екс-министерот Александар Димитров доби орден од Италија

by fokus

На поранешниот министер Александар Димитров вчера му беше врачен орден „Ѕвезда на Италија“ од италијанскиот амбасадор Карло Ромео, доделен од претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Орденот му се доделува за долгогодишниот придонес во развојот на италијанско-македонските политички односи и соработка во повеќе области.

Димитров во периодот од 1998 до 2000 беше министер за надворешни работи, а од 2011 година е дипломатски уредник во „Фокус“.

Поврзани новости