Екс-директор на кратовско училиште бесправно си ја зголемил платата за 25 отсто

by fokus

Педесетгодишен кратовец заработи кривична пријава, поради сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Т.Ј.(50) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од септември 2012 до септември 2017 пријавениот, како директор на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово, не побарал согласност од општина Кратово, односно не извршил усогласување со законските прописи, на правилникот за исплата на плати на вработени и надоместок на ангажирани лица и наставници во ученичкиот дом, кој е во склоп на наведеното училиште. Исто така, не постапил по наодите и дадените препораки од ревизорскиот извештај, со што овозможил за себе, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 25%. Во истиот период, пријавениот, на овој начин овозможил за педагогот, исплата на посебен додаток на месечна плата во зголемен износ за 10%, а на благајникот, во зголемен износ за 15%, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 1.077.482 денари на штета на Буџетот на РСМ“, пренесе МВР.

Поврзани новости