Стотици економски мигранти од Мароко, Алжир и Пакистан урнаа дел од оградата на грчко-македонската граница и се обидоа насилно да влезат на македонска територија. Тие фрлале со камења кон полицијата и откако урнале четириесетина метри од жичената ограда, почнале да трчаат преку границата, но македонската полиција која е во полна опрема, ги спречила.
Бесните мигранти викале „Сакаме во Германија“ и „Отворете ги границите“, а грчката полиција не преземала ништо за да ги спречи да тргнат кон македонската граница.
Откако Европа и балканските земји почнаа да вршат селекција на бегалците, односно да ги пропуштаат само оние кои доаѓаат од земјите каде што има војна, околу 1.500 економски мигранти останаа заглавени во близина на северниот пограничен грчки град Идомени .