Талески: Ние не сме за фрлање, ама не сме најпаметни на цел свет

by Фокус

„Ние не сме за фрлање, ама не сме најпаметни на цел свет“. Со овие зборови градоначалникот на Битола, Владимир Талески, ја отвори трибината на ВМРО-ДПМНЕ на која се презентираше собирањето на идеи од граѓаните од страна на владејачката партија.

-Во 2005 година, првата банка за идеи беше отворена во Битола. Сите ваши идеи кои пристигаа по СМС пораки, по мејл или кои лично ги доставувавте, верувале или не, а вие знаете дека е така, најголемиот дел од работите што ние ги сработивме, се всушност ваши идеи. Ние не сме за фрлање, ама не сме најпаметни на цел свет. Примаме од секого идеја. Секој ден можеме да научиме нешто ново од вас, им рече Талески на граѓаните на Битола.

Градоначалниот на Битола, на трибината не пропушти да ги наброи проектите кои општината, заедно со Владата, ги реализирала во изминатите години.

Поврзани новости