Марковска: Помирувањето не може да се постигне само меѓу пратениците

by fokus

Поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека таа е против амнестијата, а помирувањето не може да биде само меѓу пратениците.

-Законот за амнестија е на една многу тенка линија на двојни аршини и мешање во судството. Во сред судење, мене не ми се допаѓа актот. Помирувањето не може да биде меѓу пратеници и внатре меѓу партиите. Јас помирувањето го сфаќам сите пратеници, поранешни пратеници, аналитичари, новинари да го спуштиме јазикот на популизмот. Го сфаќам како акт во кој ќе живееме помирен живот без политиката да биде на прво место во секој сегмент. Јас сметам дека не требаше да има амнестија.

Поврзани новости