„Еко герила“: Фер, храбра и правилна одлука за раскинување на договорот за „Казандол“

by fokus

Најновата владина одлука за прекин на договорот со концесионерот на рудникот „Казандол“ во регионот на Валандово, Дојран и Богданци, „Еко герила“ ја смета за фер, храбра и, пред сè, како што велат, правилна одлука.

„Негативното влијание што го имаат рудниците врз животната средина треба да се земаа предвид пред секој економски аспект. Штетата предизвикана од рудниците е непоправлива и честопати имаат катастрофални последици за целиот регион каде што се простираат, со посебен акцент на животот на луѓето и земјоделството во тој регион“, велат од невладината организација „Еко герила“.

Од таму истакнуваат дека ја охрабруваат Владата да продолжи со овој пристап кон заштитата на животната средина и да не покажува толеранција кога станува збор за заштитата на здравјето и животот на луѓето.

Поврзани новости