Огромно свлечиште се урна врз куќа во Крива Паланка

by fokus

Огромно свлечиште се урна врз куќа во Крива Паланка, како последица на силните врнежи од дожд, а за среќа во настанот нема повредени лица од куќата.

Свлечиштето се урнало на куќата на семејството Стојановски, а како што пренесува Канал77, одронот го пробил потпорниот ѕид и влегол во една соба.

Семејството слушнало силен удар и се вознемирило, па излегло надвор и гледало како земјата се лизга кон куќата.

Инаку врнежите од дожд предизвикаа повеќе проблеми и лизгање на земјиште на повеќе локации. Повторно се активираше свлечиште на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, на старата траса на патниот правец, на околу 100-150 метри од објектите на манастирскиот комплекс.

Поврзани новости