ЕК: Одржувањето на избори на 24 април вклучува и неопходни реформи

by Фокус

-Ја имаме предвид и одлуката на Парламентот да се самораспушти следниот месец, со цел да се одржат избори на денот договорен во политичкиот договор (24 април), но, исто така, потсетуваме дека одржувањето на кредибилни избори вклучува и спроведување на неопходните реформи, изјави денеска за Мета портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, додавајќи дека работата на специјалниот обвинител е од витално значење за да се врати довербата во владеењето на правото.

Таа рече дека очекува сите политички партии и државните органи да соработуваат во решавањето на отворените прашања и веднаш да се обезбеди потребната поддршка на Државната изборна комисија, со цел да се обезбедат услови за кредибилни избори.

-Во оваа фаза, заедно со ОБСЕ / ОДИХР, веруваме дека се уште е можно да се направат неопходните реформи за кредибилни и демократски избори, под услов да се спроведат. Но, сето тоа зависи од постигнатиот прогрес и од таа причината, кон средината на февруари ќе ја разгледаме работа, особено на Избирачкиот список. Тоа ќе го правиме со сите засегнати страни (Европската комисија, земјите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и локални претставници), со цел да се процени дали условите за кредибилни избори се исполнети за предвидениот датум, рече Коцијанчич.

Поврзани новости