Берлин: Најважно е спроведување на реформи за демократски избори

by Фокус

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, ја искоментирал моменталната политичка криза во Македонија за која рекол дека треба што побрзо да се реши.

-Во Македонија најпрво мора што побргу и долгорочно да се реши внатрешнополитичката криза. Притоа најважно е да се спроведат реформите, коишто ќе гарантираат спроведување на договорените избори според европските стандарди, изјавил Михаел Рот.

Изјавата ја пренесе геманскиот ведник „Ди Велт“, во текст во кој вели дека Берлин со загриженост ја следни ситуацијата во Македонија.

Поврзани новости