ЕК ќе ја следи состојбата на македонско-грчката граница

by fokus

Откако побараа време за „дополнително да проверат“ какви проблеми и создава на Македонија штрајкот на грчките фармери, од европската комисија денеска соопштија дека „има нешто“ на македонско-грчката граница која деновиве е затворена за проток на луѓе и стоки.

Како што јавува МИА, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, за разлика од нејзината колешка Луција Куде, која вчера на прес-конференција во Брисел рече дека „ЕК има информации од грчките и бугарските власти за проблем само на нивните граници“, денеска со став дека „Брисел ја следи состојбата“ и на проблемот на јужната македонска граница.

-Ќе продолжиме да ја следиме состојбата многу внимателно, особено во контекст на спогодбата за стабилизација и асоцијација, посочила Коцијанчич.

Поврзани новости