ЕИФ и „Групацијата ПроКредит“ потпишаа договор за финансирање на иновативни компании во седум земји

by Фокус

 Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ потпишаа договор со кој ќе се овозможи поголем пристап до финансии за иновативни мали и средни претпријатија (МСП) преку програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија.

Новиот договор ѝ овозможува на групацијата „ПроКредит“, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра. Банките ќе бидат поддржани со  гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ. Ова е првиот потпишан договор за InnovFin гаранција за МСП кој ги опфаќа овие земји, овозможувајќи им на овие „ПроКредит“ банки на иновативните компании да им понудат дополнително финансирање по поволни услови.

Извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Џилиберт изјави: „Задоволство ми е што го потпишувам овој договор за InnovFin гаранцијата за МСП со Групацијата „ПроКредит“ во корист на иновативните компании. Имаме претходно искуство со групацијата „ПроКредит“ и сигурни сме дека ќе ги поддржат иноватините и растечки бизниси на кои има се потребни финансиски средства“.

Карлос Моедас, Европски Комесар за истражување, наука и иновации изјави: „Договорот поддржан од ЕУ кој се потпишува денес е отворен за мали и средни претпријатија од земјите членки на  РУ како и земјите поврзани со проектот  „Хоризонт 2020“ од Југоисточна Европа. Целта е да се поттикнат инвестиции во иновативни компании кои создаваат работни места и развој.’’

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на „ПроКредит Холдинг“ додава:  „Горди сме што ’ПроКредит‘ е првата групација на банки која го потпишува InnovFin гараниот договор за МСП за ПроКредит Банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија. Ова ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај нашите клиенти и на тој начин ќе им овозможи да ја зголемат нивната конкурентност. Како водечка матична банка за мали и средни претпријатија во овој регион, знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој.  Ова подеднакво се применува како во работата со нашите клиенти, така и на нашето работење како банки“.

Целта на InnovFin гаранцијата за МСП е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средни претпријатија (фирми со помалку од 500 вработени) на кои им е потребен фиксен и/или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ.  Финансиските институции се избрани од страна на ЕИФ по повикот за интерес за финансиски посредници ширум Европа.

2016_01_ProCredit_Ffm0039Group

За InnovFin гаранцијата за МСП

InnovFin гаранцијата за МСП обезбедува гаранции и контра-гаранции за должничко финансирање меѓу 25.000 и 7,5 милиони евра, со цел подобрување на пристапот со финансирање за иновативни мали и средни претпријатија (со најмногу 499 вработени). InnovFin гаранцијата за МСП се спроведува од страна на Европскиот инвестициски фонд и ќе се одвива преку финансиски посредници (банки и други финансиски инвестиции) во земјите–членки и земјите-партнери на ЕУ. Согласно InnovFin гаранцијата за МСП, финансиските посредници ќе имаат гаранција од ЕИФ на дел од нивните загуби предизвикани од финансирање на долгот.  InnovFin гаранцијата за МСП е дел од проектот InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ, нов опсег на производи од Групацијата ЕИБ (вклучувајќи ги ЕИФ и ЕИБ) за олеснување на пристапот до финансии за иновативни бизниси. Оваа трансакција е поддржана со финансиска поддршка од Европската унија согласно „Хоризонт 2020“ финансиските инструменти.

За ЕИФ

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) е дел од групацијата на Европската инвестициска банка.  Неговата централна мисија е да ги поддржи европските микро, мали и средни бизниси (МСП) со тоа што ќе им помогне во пристапот до финансии. ЕИф осмислува и развива форми на вложување и раст на капиталот, гаранции и инструменти за микрофинансирање кои посебно го таргетираат овој дел од пазарот.  Во оваа улога, ЕИФ ги поттикнува целите на ЕУ за поддршка на иновациите, истражувањата и развојот, претприемништвото, растот и вработувањето.

За групацијата „ПроКредит“

„ПроКредит Холдинг Аг & Ко. КГаА“ (ProCredit Holding AG & Co. KGaA), со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е компанија-мајка на групацијата „ПроКредит“, која опфаќа банки кои работат во земјите во развој и економиите во подем, како и „ПроКредит“ банката во Германија. Заклучно со 30 ноември 2015 година, вкупните средства на групацијата изнесуваат 6,1 милијарди евра. Вкупниот кредитно портфолио беше 4,6 милијарди евра наспроти депозитите од клиентите кои изнесуваа 4,1 милијарда евра.  Вкупниот основен капитал на групацијата изнесуваше 612 милиони евра. „ПроКредит Холдинг Аг & Ко. КГаА“ претставува „јавно-приватно партнерство“ чиишто главни акционери се стратешки инвеститори ИПЦ и „ ProCredit Staff investment’’ (инвестициско средство за членовите на персоналот на „Прокредит“), холандската фондација „ДОЕН“, Германската развојна банка „КфВ“ (KfW) и „ИФЦ“ (IFC – Групацијата на Светската банка).  Повеќе информации може да се најдат на: www.procredit-holding.com.

За „Хоризонт 2020“

На 1 јануари 2014 година, Европската унија започна нова програма за финансирање на истражувања и иновации наречена „Хоризонт 2020“. Во текот на следните седум години речиси 80 милијарди евра ќе бидат инвестирани во проекти за истражувања и иновации со цел поддржување на европската економска конкурентност и проширување на границите на човечкото знаење. Буџетот за истражувања на ЕУ е фокусиран главно на подобрување на секојдневниот живот во области како здравје, животна средина, транспорт, храна и енергија. Истражувачките партнерства со фармацевтските, воздушните, автомобилските и електронските индустрии, исто така, поттикнуваат инвестиции во приватниот сектор како поддршка на понатамошниот раст и отворањето работи места со високи квалификации. InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ, новата генерација на финансиски инструменти и советодавни услуги на ЕУ беше развиена согласно „Хоризонт 2020“ за да им помогне на иновативните фирми полесно да пристапат кон финансии. InnovFin – финансирање за иноватори од ЕУ ќе помогне да се внесат максимум до 48 милијарди евра во истражувања и иновации низ Европа.

Поврзани новости