Вчера во Македонија влегле 1.404 бегалци

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден издадени се 1.404 потврди за барање на азил за странски државнјани. Од нив 568 се од машки пол, 272 се од женски  и  563 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и еден малолетник кој патува без родител на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најбројни биле државјаните на Авганистан, 545, па потоа државјаните на Сирија-508 и Ирак-351 .Во средата од 15 до 18 часот била затворена македонско-грчката граница поради застој на мигрантите на северната граница.

Од Министерството велат дека станува збор за верижна реакција, односно ако која било земја од север ја затвори границата и не дозволи проток на мигранти, тоа го прават и македонските власти.

Поврзани новости