Едно лице загина во сообраќајка кај Врбјани

by fokus

Едно лице загина во сообраќајка која се случила попладнево во 18.20 на магистралниот пат Охрид –Кичево кај село Врбјани.

Од МВР соопштија дека директно се судриле две возила Голф и Тојота. Возачот од Голфот починал на лице место. Во сообраќајката има и неколку повредени.

Увидот се уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.

Поврзани новости