Едно лице загина по пад на едномоторен авион во Грција

by Fokus

Едномоторен авион се урна во близина на автопатот Атина- Солун кај градот Тива и во близина на малиот аеродром „Пернери“ што се наоѓа во областа, а пилотот го загуби животот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според противпожарната служба на Грција, интервенирале осум пожарникари со три возила и било извлечено безживотното тело на едно лице. Засега, причините за несреќата се непознати,

Поврзани новости