Едно лице загина и неколкумина повредени во вчерашната сообраќајка кај Струмица

by Fokus

Вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу три возила во близина на Струмица, а едно лице починало додека неколку други се здобиле со тешки телесни и телесни повреди.

„На 08.06.2020 во 18.45 часот, на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, делница од Струмица до Василевска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од с.Градашорци и патничко возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници. Во незгодата загинал возачот на возилото „фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „опел астра“ и еден сопатник од возилото „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „опел астра“. Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани новости