Велосипедист од Тетово тешко повреден откако бил прегазен од автомобил

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, велосипедист од Тетово бил тешко повреден откако бил прегазен од автомобил, информираат од МВР.

„На 08.06.2020 во 12.30 часот било пријавено дека на ул.„Љуботенска“ во Тетово патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(53) од с.Синичане удрило во велосипед, управуван од М.С.(74) од Тетово. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово“, додаваат од МВР.

Поврзани новости