Едно лице загина, а десетици се повредени за време на музички фестивал во Шпанија, кој заврши со трагедија кога силните налети на ветерот предизвикаа делумно уривање на сцената.
Инцидентот се случил во 4 часот по локално време на фестивалот Медуза – Циркус на лудилото, кој се одржувал на плажата во Кухера, на околу 50 километри јужно од Валенсија.
Од вкупно 40 повредени, тројца се во тешка состојба. Според шпанските медиуми, починатиот е маж на околу 20-тина години. Тој беше погоден со предмети од делумно разурната сцена на фестивалот.
На настанот присуствуваа околу 320.000 гледачи кои итно беа евакуирани.
Снимките објавени на социјалните мрежи ги покажаа размерите на катастрофата – силни ветришта го зафатија местото на фестивалот, остатоци од сцената летаат низ воздухот и дрвјата заканувачки се нишаат.