Едно лице тешко повредено во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

by fokus

Попладнево во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово едно лице е потешко повредено, а полесно повредени се уште две лица.

– Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки кој го управувал Е. Е 23 годишник од Тетово, како и возило „форд транзит“ со гостиварски таблици управуван од 38 годишник од Добри Дол, гостиварско. Поради судирот тешки телесни повреди добил возачот на „пасатот“. Тој бил пренесен на тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Во судирот полесно се повредени сопатник во пасатот на 30 години и возачот на форд транзит, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сообраќајката создаде километарска колона на автопатот, а по завршување на интервенцијата, возилата се пропуштаа по една коловозна лента.

Поврзани новости