Посветени сме да продолжиме со структурните реформи, да ги зајакнеме владеењето на правото и судскиот систем на кои ќе им веруваат мнозинството граѓани, а еднаквоста пред законот е приоритет за нас, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на 75. сесија на Генералното собрание на ООН.
Тој во својот говор ги наброја и останаттие приоритети кои има за цел државата да ги реализира, а тоа се борбата против сиромаштијата, обезбедување на инклузивно и квалитетно образование, одржлив економски раст и пристојни работни места за сите.
-Пандемијата предизвикана од ковид-19 има сериозно влијание не само врз економијата, туку ги промени и нашите животи и навики до непрепознатливост. Во денешно време, потребата да се фокусираме на одржлив развој е уште поитна, а оваа сложена задача бара координирани реформи и темелна промена на начинот на кој ги дизајнираме нашите општества, рече Пендаровски.